Сутерен.мк

Асексуална сопруга

Гледам луѓево прашуваат сенешто па, ај и јас да прашам нешто: сопругата ми е мила и секси (барем за мене), ама таа се помалку има интерес за сексот. Се прави, ама на секс, ама ич не мисли. Ај таа што не мисли, не знам јас што да мислам?

Анонимус

Анонимус дарлинг, таа не мисли, ама изгледа многу работи, а вам не ви чуе за нејзиниот напор, нели!? Вам ви е до сексот, а не до нејзиниот ангажман што пак, вас ве прави таков паразит кој нема на што друго да мисли, освен на тркалање во спалната!

Еве, мојава кристална топка вели дека вашата сопруга си доаѓа од работа дома, каде што ја чека уште работа. Преморена од нереалните желби на газдите и фантазмагориите на претпоставените, се судрува со уште потрауматична позиција: треба да измие чинии, зготви што и да е, пушти правосмукалка, да ве испегла, пружи алишта, да им посвети минимум внимание на децата (ако ги има), да сврти два – три крајно мазохистички телефонски броеви…

Згора на се, треба да најде сила, желба и мотивација и вас да ве направи за момент, да се чувствувате како алфа – мажјак!? Уште и чочек на маса да ви заигра! Ајде, се ќе баталиме, ама дечко, денот има само 24 часа! Кога ќе најдете таква која работи 36/7, испратете ми го нејзиниот контакт! Ќе ја наградам само за муабет што ќе ми направи, ако останала при здрав разум.

Едно од основните правила во економијата е дека прво треба да дадеш, а после да бараш. Бидејќи бракот е и сериозен бизнис договор размислете добро околу оваа „теорема“…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *