Сутерен.мк

Мистериозните Сумери

Сумерите, кои сами себеси се нарекувале „црнокоси луѓе“, а својата земја „место на просветлени господари“ се најстарата позната цивилизација. Околу 4 до 5 илјади години пред нашата ера, се населиле помеѓу реките Тигар и Еуфрат (денешен јужен Ирак) и оставиле зад себе бројни докази колку напредни биле…

  • Ги исушиле мочуриштата, ископале канали, ја измислиле циглата и граделе куќи дури и на два ката.
  • Потеклото на Сумерите никогаш точно не е докажано, но се претпоставува дека дошле од север и се измешале со затекнатото население. Археолошките наоди потврдуваат дека воспоставиле околу десетина градови – држави откако се населиле во Месопотамија. Еден од најстарите и најголемите бил Урук, кој броел помеѓу 40 и 80 илјади жители.
  • На почетокот Сумерите немале владетели, туку градовите ги воделе првосвештеници. Со развојот на државата, се развивало и општественото уредување. Така Сумер станал робовладетелска држава на чело со крал. Народот бил поделен на три сталежи: робови, трговци, земјоделци и занаетчии, свештенство, чиновници и војска. Најмногу се ценеле свештените лица.

  • На сумерскиот попис на кралеви се наоѓа и името на една жена! Таа е Кубаба, која наводно го превзела тронот на градот – држава Киш околу 2 500 години п.н.е.
  • Покрај тоа што Сумерите биле првите писмени жители на Месопотамија, дека ја измислиле циглата, плугот, тркалото… тие се први кои правеле и пиво! Имале дури и божица за овој алкохолен пијалак – Нинкаси!
  • Клинестото писмо најпрвин го користеле за евиденции и деловни трансакции (а го втиснувале на глинени плочи со трска, што потоа ги печеле, па така станувале неуништливи), но подоцна и за историја и книжевност…

 

  • Јунакот од епот за Гилгамеш бил историска личност, пети владетел на првата послепотопска династија, кој владеел со градот – држава Урук, околу 2 700 година п.н.е.
  • Математиката на Сумерите е се уште во употреба. Делењето на денот на 24 делови е нивно. Исто така, тие го поделиле часот на 60 минути, а минутата на 60 секунди. Како што модерната математика го користи децималниот систем базиран на бројот 10, така Сумерите главно ја користеле структурата која била базирана на групи од 60, што е лесно деллив систем на броеви.
  • Се до 19 век сумерската култура беше непозната. Нивните тајни беа закопани во пустините на Ирак до моментот кога француските и британските археолози конечно, не наидоа на нивни артефакти, додека трагале по докази за древните Асирци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *