Сутерен.мк

Маргарита Василеска: Night, after night

Во кафулето „Каша бар“ кое се наоѓа во карпошовата Лептокарија, Скопје, беше одржана изложбата Night, after night… на дипломираната вајарка Маргарита Василеска.

На изложбата беа претставени 20 колаж-дела од оваа авторка, која својата инспирација ја црпи од холивудската митологија на т.н. златни години на американскиот филм, модерната и класичната книжевност, како и од андерграунд музичките сцени на Лондон, Њујорк и Сиетл, создавајки микс, односно колаж, чиишто пораки умешно соодејствуваат со денешниот општествен и социолошки контекст.

Како подршка на уметникот со свои дела настапија и уметниците Анета Куртелова и Александра Илиќ.

Изложбата е реализирана со подршка на општина Карпош, која преку вакви проекти им помага на уметниците и притоа ја збогатува културната сцена на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *