Портпаролот на талибанците, Забијулах Муџахид, на Твитер го објави формирањето на новата држава и го сподели знамето со грбот!
Оваа објава доаѓа за помалку од една недела од падот на Кабул во рацете на исламистичката екстремна група. Новата држава е наречена Исламски емират на Авганистан и се поклопува со 102 – рата годишнина од откажувањето на Велика Британија од владеењето со оваа земја.
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, избега од земјата и е во Соединетите арапски емирати, а првиот потпретседател, Амрулах Салех се самопрогласи за лидер, но главниот град Кабул веќе е под талибанците, јавува RT.