Пејачката Адел минатиот викенд гостуваше кај Опра Винфри, со која разговараа за многу теми од приватниот живот. Американските медиуми пренесеа информација дека Си-Би-Си заработиле повеќе од сто милиони долари за разговорот од два часа!
Како што истакнува британскиот „Мирор“, Адел од сето тоа исто така има огромна корист и профит, бидејќи ќе заработува од емитување на нејзиниот музички материјал.
Технички, таа може да каже дека интервјуто е бесплатно, но неа ѝ се платени изведувачките права за песните што ќе се најдат во емисијата. Телевизиските мрежи ширум светот издвојуваат значителни суми за емитување во нивниот регион, а тоа ќе значи дека доаѓаат милиони од сите страни.
Се вели дека телевизијата платила најмалку пет милиони долари, но можеби и седум милиони за двочасовениот специјал кој ќе го содржи првиот нов материјал на пејачката, по 6-годишната пауза.
Адел и Опра интервјуто го снимиле во вилата на водителката, а се зборува дека ова интервју, кога се цифрите во прашање, ќе биде попрофитабилно од она на Меган Маркл и принцот Хари кај Опра.