Сутерен.мк

Адидас не се зафркава

Моделот Бела Хадид е главното лице на новата кампања за моделот на патики адидас „СЛ 72“. Овие патики беа дизајнирани за Олимписките игри во Минхен во 1972 година. На тие Олимписки игри палестинската терористичка група Црн септември  киднапираше и уби 11 израелски натпреварувачи и тренери, како и германски полицаец.


Бела е позната по своите пропалестински ставови, кои не ги крие од јавноста, па затоа целата кампања предизвика реакција на еврејските групи кои се побунија против ангажирањето на познатата манекенка.
„Адидас“ ги отстрани и избриша сите објави од социјалните мрежи на кои Бела Хадид ги рекламира патиките „СЛ72“.


Сестрите манекенки Бела и Џиџи Хадид, чиј татко е палестинскиот тајкун за недвижности Мохамед Анвар Хадид, беа гласни во својата поддршка за Палестина. Бела често споделува објави на Инстаграм посветени на конфликтот. Во мај, таа напиша дека е „скршена поради загубата на палестинскиот народ и недостатокот на емпатија што доаѓа од владините системи низ светот“.

Познатите манекенки донираа милион долари за помош на Палестинците. Бела Хадид често учествуваше во пропалестинските демонстрации и од 7 октомври постојано ги осудуваше израелските бомбардирања на Газа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *