Колекцијата (на неговата долгогодишна пријателка Мери Остин) вклучува огромна палета на костими, слики и предмети од секојдневниот живот на Фреди Меркјури . Меѓу најдрагоцените предмети е репликата на круната на Свети Едвард, чија вистинска верзија ќе ја носи кралот Чарлс III на неговото крунисување. Како и познатата наметка од вештачко крзно, црвено кадифе и накит која ја изработила пријателката на пејачот и костимограф Дијана Мозли.
Меѓу останатите предмети, ќе се продава и раскошната свечена јакна во воен стил, изработена за легендарниот 39-ти роденден на пејачот во Минхен во 1985 година, проценета на 10 до 15.000 фунти.
Се продаваат досега невидени ракописи за песната „We Are The Champions“, една од најпознатите песни на бендот. Ракописот за песната, кој има девет страници, се проценува на 200.000 и 300.000 фунти.
Фронтменот на „Квин“ ја создаваше оваа колекција повеќе од 30 години и ја чуваше во својот дом во западен Лондон, а потоа сè ѝ остави на Остин.
Предмети од домот на починатиот фронтмен на „Квин“, во Кенсингтон, западен Лондон, ќе бидат изложени од 4 август до 5 септември, денот на неговиот 77-ми роденден.