Сутерен.мк

Баленсиага напаѓа повторно

Модната куќа Баленсиага чијшто креативен директор Демна Гвасалија е познат по своите апсурдни и ултра скапи дизајни, уште еднаш си ја потврди репутацијата со најновото дизајнерско парче.

Станува збор за крпа-здолниште на преклоп, дел од колекцијата пролет 2024 која што поттикна интересна дебата по социјалните мрежи.
Дизајнерското парче за многумина е една сосема обична крпа што сите ја имаме во бањата, па оттаму и критиките за ултра високата цена од 925 долари.

Прашањето е дали станува збор за социјален експеримент, герила маркетинг, или трик за празнење на џебови.

Чудните дизајни едноставно се во ДНК-та на Демна, но последнава изгледа најмногу ги разгоре мрежите.

Од коментарите доминираа оние дека сите веќе имаме парче Баленсиага дома, чини само неколку долари и е купено од супермаркет.
Разликата помеѓу обичната крпа од бањата и онаа на модната куќа се две копчиња и прилагодлив појас со внатрешна тока.

Коментарите одеа дотаму што се тврдеше дека ова е само еден бихевиорален ескперимент на Баленсиага, или дека е тест за еластичноста на купувачите.
Ми требаат клиенти како оние на Баленсиага – беше еден од коментарите.

 

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *