Сутерен.мк

Без морална одговорност, државата е џунгла!

„Кога нема морална одговорност, на граѓаните им се испраќа порака дека ние не сме ни заедница. Моралот е секогаш поврзан со заедницата!

Ако се чувствувате припадник на заедницата, тоа значи дека ги почитувате обичаите и нормите на таа заедница, дури и кога тоа не е работа на законот. Ако испраќаме порака дека нема морална одговорност тогаш всушност, порачуваме дека овде не постои никаква заедница, дека ова е една џунгла во која секој кој ќе се најде на некоја позиција, треба да води сметка само за себе и за своите краткорочни приватни интереси.

Доколку некој направил нешто што не е противзаконско, но е морално неприфатливо, тогаш се поставува прашањето за морална одговорност. А, ако го прекршил законот, треба да одговара пред законот. Меѓутоа, ако немаме законска одговорност, тешко е да се очекува дека некој ќе се однесува врз основа на некои морални обѕири!

Кога не постои ни морална, ни законска одговорност за моќниците, со тоа се покажува непочитување на заедницата и дека не постои правна држава. Се порачува граѓаните да не сметаат на правосудството и правдата, дека нивните права се неважечки, дека ги немаат!

Всушност, незабележливо ги губиме основните премиси на нормалниот живот и живееме во систем каде што се помалку се знае што е добро, а што лошо.“

*Александар Баукал, професор на Филозофскиот факултет во Белград, во едно неодамнешно интервју

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *