Сутерен.мк

Белгиското чудо од дете

Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн”, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен од областа на квантната физика


Неговиот татко, Александер Симонс споделил дека момчето ќе се запише на докторски студии поврзани со природните науки: „Програмата ќе биде комбинација од хемија, медицина и физика, а Лоран ќе биде во лабораторија поголемиот дел од времето. Тој ќе го добие потребното време за да се реализира и ќе може да напредува во сите три области. Тоа е прекрасно.“

Лоран, кој во јавноста е познат како „малиот белгиски Ајнштајн“, завршил основно училиште на шестгодишна возраст. Три години подоцна, тој го започнал своето високо образование, а потоа и станал првиот 11-годишник којшто се стекнал со факултетска диплома во Белгија. Во јули годинава, на дванаесетгодишна возраст, Лоран ги завршил своите постдипломски студии од областа на квантната физика на Универзитетот во Антверпен.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *