Сутерен.мк

Блокирана „Аџибадем“

Сметките на една од најголемите и најстарите турски здравствени групации, Аџибадем, се блокирани поради долгови, јавуваат турските медиуми.

Канцеларијата за извршување во Истанбул донела одлука со која сметките на групацијата се блокираат, поради тоа што истанбулска болница на „Аџибадем“ не можела да плати долг за кирија од околу 200.000 евра.

„Одлучено е да се блокираат сметките на компанијата која има долг од 4 милиони 241 илјади лири со побарувања, камати и трансакциски трошоци“, се вели во соопштението на Канцеларијата.

Здравствената групација „Аџибадем“ е еден од најголемите турски приватни здравствени синџири и има болници во речиси секој град во Турција. Таа повеќе од една деценија работи и во Македонија, откако влезе како инвеститор во приватната скопска болница „Систина“.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *