Веќе извесно време се шират гласишта дека претседателот на Русија, Владимир Путин, боледува од посериозни болести, како што е Паркинсоновата болест, и дека е подложен на некои медицински процедури.
Сепак, британскиот академски и одбранбен аналитичар од Кралскиот колеџ во Лондон Мајкл Кларк тврди дека такво нешто не може да се утврди врз основа на фотографии.
„Кога ќе го видите на овие фотографии, тој изгледа добро. Паркинсоновата болест не можете да ја откриете по начинот на кој некој оди или само со гледање фотографии од таа личност“, вели Кларк.
Тој смета дека рускиот претседател е лојален само на еден медицински третман, кој вклучува редовни дози на ботокс. Тоа, како што вели Кларк, би можело да биде вистинската причина зошто Путин секогаш има „доктори при рака“.
“Тој се движи со тим од лекари кои никогаш не го оставаат сам. Исто така, се шпекулира дека ги напушта состаноците во чести интервали. Мислам дека тој е само хипохондрик, а ботоксот му ги ‘олеснува’ работите”, вели тој.
Одамна е познато дека „Путин паѓа на ботокс“, што го потврдија и естетски експерти тврдејќи дека лицето на рускиот претседател е полно со ботокс и филери.
Познатиот британски естетски хирург Џерард Ламбе пред три години тврдеше дека на лицето на рускиот лидер се гледаат знаци на козметички третмани што му помогнала да го отфрли изгледот на „бубалица“ и да се трансформира во вистински и цврст тип.
Портпаролот на Путин веќе ги отфрли обвинувањата дека рускиот лидер користи ботокс, оправдувајќи ги фотографиите од неговото „пополнето лице“ со зборовите: „Веројатно само така паднала светлината“ или објаснувајќи дека рускиот претседател делува дека е „уморен“.
Меѓутоа, како некој кој оваа есен ќе наполни 70 години, Путин има многу малку брчки на челото, додека остатокот од лицето му е прилично затегнат.