Сутерен.мк

Бројките и мажите

Момчето со кое излегувам неколку месеци, постојано ме прашува за поранешните сексуални партнери. Де со кого сум била па, каде сум била, па каков бил сексот, но она на што постојано инсистира е бројот на моите поранешни љубовници. Не се трпи веќе тој притисок! Убаво ми е со него, ама навистина не знам што да правам!? Понекогаш мислам да му признаам се па што сака нека биде, ама нешто не ми дава… Постојано се зборува за искреност во врските меѓутоа, не сум сигурна дали треба да се оди до вакви детали!?

Марија, 28, Скопје

Марија дарлинг, мажите всушност, не ни очекуваат вистински одговори на таквите прашања зашто, ако сме искрени, тоа сигурно ќе ги убие. Во поим, секако. Сите знаеме дека таквите муабети се тотално непотребни и на границата на идиотизам, ако ги рангираме според нивното значење и влијание врз моментните односи, но пустата машка фиксација да се биде најважен, највешт, најспособен, постојано не тера на мафтосувања.

Меѓусебната доверба е една од клучните алки за стабилноста во сите човечки релации на долги патеки, но криењето информации понекогаш е и тоа како побезболно од тоталното разоткривање. Една од ситуациите каде што со полна уста препорачувам лажење е за инцидентните неверства, а другата е за бројот на поранешните сексуални партнери. Како што вели еден хрватски колега, мажите знаат да бројат само до три!

До неодамна беше до два, ама бидејќи и тие еволуираат, иако споро, сепак некако им успеа нивните желудници да можат да сварат три претходни љубовници кај избраничката на своето срце. Значи, пред него сте имале само тројца! Никако немојте да ви се испушти пофалба за вештините во креветот на некој од нив и особено, не споменувајте сантиметри!
Мажите и жените користат сосема различни метрички системи…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *