Брус Вилис веќе нема да глуми откако му беше дијагностицирана афазија.
Вилис (67) ја почна кариерата во 80-те како телевизиски актер, по што се наметна како една од најголемите ѕвезди од акционите филмови, а најзабележани улоги му беа во: „Умри машки“, тој глумеше во „Евтини приказни“, „Петтиот елемент“, „12 мајмуни“ и „Шесто сетило“.
Вилис беше во брак 23 години со колешката Деми Мур, со која имаат три ќерки. Тој има и две ќерки со неговата втора сопруга, Ема Хеминг Вилис.
Афазија е медицинска состојба која се карактеризира со потешкотии со говорот и често е предизвикана од оштетувања на левата страна на мозокот. Најчести причини се мозочен удар, сериозна повреда на главата, мозочен тумор и невролошки состојби како деменција.