Сутерен.мк

Бугарашите не запираат

Почната е постапката за регистрација и на третото бугарско здружение со назив „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци. Во Централниот Регистар веќе се разгледуваат поднесените документи од барателот.

И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на Царот Фердинанд. Од Централниот регистар засега нема одговор кој е поднеосител на барањето за регистрација на вакво здружение.

Премиерот пак не слушнал дека во постапка е регистрација третото бугарско здружение. Но веќе го осудија отворањето на здруженијата во Битола и Охрид и го оценија како провокација.

Осуда и оградување на владата од формирањето на бугарските клубови не се доволни, смета експертската јавност. Политикологот Благојче Атанасовски вели дека најголемиот проблем е што во постојното законско решение не е точно утврдено како ќе се регулираат здруженијата и фондациите кои носат назин на контроверзни историски личности.

Од СДСМ бараат одговори каква е поврзаноста на Христијан Мицкоски со првиот човек на бугарското здружение од Охрид.

Од опозицијата пак обвинуваат дека власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија

Ако СДСМ се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња. Ако СДСМ е против клубовите со фашистички имиња, тогаш нека го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

До крајот на месец октомври треба да бидат објавени и измените за постоечкиот закон за формирање на здруженија и фондации. Со новото законско решение треба јасно да бидат уредени условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение но и дали истото има назив на контроверзна историска личност.

Дотогаш владиното советодавно тело ќе дава мислење доколку до министерството за правда притигне барање за позитивно мислење за отворање на здружение чиј назив носи име на личност која ги повредува македонските чувства.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *