Наречена „каликскока“, пробната вакцина дала ветувачки резултати при тестирањето на животни. Таа создава имунолошка реакција која го спречува кокаинот да стигне до мозокот, што треба да им помогне на зависниците да се излекуваат. Доколку се одобри, ова ќе биде првата вакцина што ќе лекува зависност од кокаин во светот.
Проектот за развивање на вакцината неодамна бил награден со 500.000 евра. Вакцината функционира така што го поттикнува имунолошкиот систем да создава антитела кои се врзуваат со молекулите на кокаинот во крвта и со тоа ги прават премногу големи за да влезат во мозочниот систем, каде што дрогата обично го стимулира лачењето на допаминот.
Таа е направена со хемиски состојки во лабораторија и треба да биде поевтина за производство во споредба со повеќето вакцини и нема да треба да се чува на ниска температура.
Вакцината треба да почне да се тестира на луѓе.