Како да се омажам? Не ми требаат разглабања и мудрувања, туку конкретно решение!
Итно
Итно дарлинг, еве и конкретно: дотерајте се и вечерва фатете штрафта по улиците. Првиот на кој ќе налетате, а не е женет, фатете го за рака и некако довлечкајте го до вашиот дом. Испијанете го и врзете го за парното. Долевајте му алкохол се додека не пронајдете лесно поткуплив и полн со разбирање матичар, кој во таква неудобна положба ќе ве венча. Не заборавајте само сопругот или како и да ќе се нарекува тоа суштество во иднина, да го одврзете потоа, а и отрезните. Не за нешто друго, туку да не ви приумре во таа позиција па, таман тазе омажени, да завршите во затвор. Ете…