Сутерен.мк

ВИ создаде лик на Исус

По резултатите од анализата на древната реликвија, вештачката интелигенција создаде неверојатни слики од маж за кој многумина веруваат дека би можел да биде Исус Христос

Христијаните веруваат дека Торинската плаштеница е всушност погребната ткаенина на Исус на која е забележан отпечаток на неговото крваво лице и тело. Анализата направена во 1980-тите сугерира дека плаштеницата настанала во 14. век, меѓутоа, новата проценка за датирање со рендгенски снимки наведува дека ткаенината е стара 2.000 години и дека настанала во времето на Исус Христос.

Tоа знаење ѝ овозможи на најсовремената технологија за вештачка интелигенција да создаде живописни и неверојатно реални прикази на отпечатокот на лицето за кој верниците се уверени дека настанал на ткаенината во моментот на Христовото воскресение.

Либерато де Каро, водечки автор на новата студија, тврди дека широкоаголната рендгенска анализа докажала дека Торинското платно се совпаѓа со сличниот примерок од ткаенина од израелската Масада која датира помеѓу 55. и 74. н.е.

Експерименталните резултати се компатибилни со хипотезата дека Торинската плаштеница е реликвија стара 2000 години – се наведува во студијата и се нагласува дека претходната финална анализа била погрешна поради контаминацијата.
Експертот, исто така, рекол дека во ленените влакна на плаштеницата имало и мали честички од полен од Блискиот Исток, што навидум ја отфрлило идејата дека ткаенината дошла од Европа.

Тимот на Де Кар ја извршил анализата користејќи мал примерок од Светата плаштеница која во моментот се наоѓа во катедралата Свети Јован Крстител во Торино.

Авторите на студијата брзо забележале дека новите заклучоци важат само доколку кревкиот артефакт се чувал на просечна температура и релативна влажност од 55 до 75 отсто во текот на 13 векови пред да влезе во историскиот запис во 1354 година.

Католичката црква, меѓутоа, нема официјален став за легитимноста на Торинската плаштеница.

Неколку папи ја признале ткаенината како чудотворна реликвија. Папата Франциск во 2015 година отишол на аџилак во Торино за да се помоли пред плаштеницата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *