Сутерен.мк

Витамин кој може да го продолжи животот

Подолгиот и поздрав живот може да биде нашата главна цел. Ризикот од хронични болести се зголемува како што старееме, а д-р Кевин Кук вели дека внесувањето доволна количина на еден конкретен витамин по 50-тата година од животот може да биде од голема корист, иако многумина не го внесуваат доволно.

„Витаминот Д е клучен за одржување на здравјето на коските, поддршка на функцијата на имунолошкиот систем и намалување на воспаленијата. Докажано е дека витаминот Д помага при депресијата, зголемувањето на тестостеронот, здравјето на коските, здравјето на мозокот и когнитивноста, подобрувањето на расположението и благосостојбата“, тврди д-р Кук.

Сите овие работи можат да ни помогнат да водиме поздрав и посреќен живот. Покрај тоа, расположението, когнитивните функции и здравјето на коските се меѓу работите кои можат да се влошат како што старееме. Важноста на витаминот Д за луѓето кои стареат не е само мислење на д-р Кук.

„Постоеја некои студии кои покажуваат дека ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена смртност од сите причини кај општата и постарата популација“, рекол д-р Кук.

Студијата од 2023 година потврдила дека 20 отсто од средовечните и постарите возрасни лица во САД имале недостиг на витамин Д, што го зголемило ризикот од смрт од другите причини.

Освен тоа, студија од 2022 година на возрасни Кинези на возраст од 60 до 113 години, открила дека луѓето кои немале недостиг на витамин Д (или претходно имале, но сега добивале доволно) имаат помал ризик од смрт. Разликата била особено забележлива кај жените.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *