Сутерен.мк

Владимир М. Милетиќ: Et si tu n’existais pas, dis-moi pourquoi j’existerais

Некои луѓе кои ќе ги сретнете случајно ја заслужуваат сета грижа и внимание и на најобичните места – каде кафето се служи во мали турски шољи со локум подготвено на врел песок во некоја ориентална чаршија, додека поголемиот дел не заслужува ни да погледнеш покрај нив па макар седеле во Савој у Париз на десната обала на Ил, со млак тањир пред себе и три вида големина на вилушки. Нормално, под кристални лустери и ливреисани келнери.

Тие луѓе ги запознаваш онака случајно во одминување, додека пиеш еспресо, купуваш цигари у трафика, шеташ или гледаш по социјалните мрежи дали војната во Украина и Газа стивнува или зема замав. Дали Ѕвезда го има сјебано оној тим од Хумска 10 и дали на тој ист стадион се уште се одржува светско првенство во тркалање по трева и свирање курцу. Шала на страна Ѕвезда и оваа година ќе биде шампион седми пат по ред. На здравје гробари!

Тие луѓе се драгоцени, како A night in Tunisia на Модерн џез квартет, и треба да се чуваат и негуваат, да се обасипаат со внимание, грижа и љубов. Тие луѓе се способни да го извадат најдоброто од вас, какви и да сте биле или сте. Они се во право кого со тивок тон, мирно кажуваат каде си згрешил, а ти се чудиш зашто не реагираш онака бурно и агресивно како со другите. Ја прифаќаш вината, ја проценуваш загубата и тргаш напред со климање на главата во знак на одобрување и прифаќање на вината, со она обавезно “знам, жал ми е”. “Јас сум тој што сум”, зборовите на легендарниот, најхрабриот боксер во историјата Џо Фрејзер, но да можев да бидам подобар – ќе бев.

Ако имаш среќа ќе ги запознаеш два или три пати во животот и ќе го смениш начинот на однесување, мислење, ќе гледаш со други очи на се околу тебе. Едноставно, ти го менуваат светот и животот, али најдоброто од се е што нема да се препознаеш во зборовите “ај жити мене, облечи ги оние бели патики и фармерки кога следниот пат ќе се видиме. Земи го и оној мал бел ранец со себе. А да, заборавив и врзи си ја косата во репче”.

Тие луѓе го заслужуваат целото ваше внимание како Стинговата Desert rose или још боље како Love will tear us apart од вонвременските Џој Дивижн. Само они го заслужуваат и можат да го настават муабетот таму каде што мислите дека сте застанале, иако не сте се познавале, пред многу, многу години, потсетувајќи се со онаа вулгарно прозаична и архаична ствар на Бајага, но со длабока порака во времето што го градите заедно:

“У цик зоре звижди воз, њиме одлазим у Оз
Нећу да се вратим
Све што теби напишем, поцепам и обришем
Али ти мораш знати
Ниси се пробудила зато ниси видела
Играле су сене
Нек те добри духови и краљевски орлови
Чувају од мене”

Баталете го оној евергрин на Жо Дасин, Et si tu n’existais pas, тие луѓе постојат тука до вас. Но само оние кои заслужиле можат да ги најдат.
“Ме боли душата, али ме боли и к…т”, напиша Буковски, некад давно… важи за сите оние другите кои не го заслужуваат ни ебениот секунд на вашето внимание.

(Авторот го сакал Буковски и Капор, Питер Сејвил и Жорж Брак, али они не го сакале него. Осим архитектура не завршил ништо озбилно али сјебал пет години од животот во Легијата на странци. Перспективен, онака симпатичен по малце… Како не бе?! Навива за Црвена Ѕвезда и воли све што воле млади.)

*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *