Сутерен.мк

Владимир М. Милетиќ: In the city of light & wicked games

Секој кој се симнал помеѓу два воза на Saint Lazar или Garre de Lyon се има качено и сликано на, или покрај Ајфеловата кула или Триумфалната капија. Нешто многу не ми се верува дека погледнал долу, долж Елисејските полиња према булеварот Clemansoa, прошетал и ја видел галеријата Lafayete и Cousine de Rhone.

Битно е дека кажува дека бил во Париз, направил милион фотографии, постирал по социјалните мрежи и сам себеси си се диви што ете, и он е дел од светските метрополи.

Во Париз имам идено шест пати, што со моите родители што сам, онака од ќејф, несметајќи го времето поминато во легијата на странци во Fort de Nogant на Плесанс во 20-от арондисман.

Сметам дека Париз има многу што да каже, онака тивко, заверенички, заводливо ко во времето на
Бастилја и Француската револуција. Као оној одбегнат робијаш Жан Велжан во Игоовите “Клетници”.

Да го погледнеш Париз од Jardins du Trocadero, преку Сена и онаа порочната Монпарнас улица. Да седнеш и да испиеш добро Мејор Диксанова еспресо и Перие вода од Кафе де Трокадеро, баш карши споменикот и да го гледаш Париз тука, како поминува покрај тебе.

На бувљакот на Клињакур, патем воопшто не е бувљи пазар само така го викаат, да седнеш и појадуваш потаж од лук со тврда кришка на багет вмочена во него и да го гледаш Париз како се буди од Лотрековиот порочен сон.

На Монмартр од уличните уметници да купиш “веома”, “врло” симпатичен изрежан профил на партнерката која е со тебе, патем платен 10 евра и глас кој ко да те моли и наредува “Владица бе, гледај како се убави и направени за минутка. Сакам ваков еден за спомен”. Патем само споменот остана негде закопан во некоја прашњава кутија од Пол енд Шарк патики купени на Ван Гог булеварот карши Нотр Дам.

Да седнеш у кафе Plybot, автентично француско бистро каде што коњакот се служи топол, а чајот е од
лаванда, млак, со парче бисквит од цимет. Да вечераш во Chez moi cousine и да одгледаш кабаре програма ко од времето на Мата Хари и онаа вечно несреќната Едит Пјаф.

Па не за џабе Лотрек цел живот не го поминал по кафеани и јавни куќи.

На Сен Жермен да се испие добро црвено вино у типот на Божоле берба (јебеш берба цена је
битна, а таа е варљива ко “Варљиво лето 68”. Мада јас никад не сакав вино, пробајќи го ми се сврте
у глава од цената). Овде секоја голтка има цена, али доживувањето и кејфот… јок бре.

Во ресторанот Chez moi на Germain, покрај шанкот лежи аргентинска дога. Како обавезен инвентар на ресторанот. Кој и да влезе таа ќе го помириса, ќе се погали и дисциплинирано се враќа на своето место, тука покрај шанк, да ги опоменува гостите дека само се гости, а не сопственици.

У Caffe de Bruant на De Abessye, веднаш до Српската кафана, гле чудо јеботе, се вика “Српска кафана”, да пробаш пита од јаболка со цимет со обавезен шлаг. А да, со тоа и бруле. Бруле никад не сум сакал, па така го заменив за добро и јако кафе, ноар, пратен со подозривите погледи на останатите.

Партнерката сакаше се да проба, па така во Le Petite Naples не знаеше како да ја употреби клештата за школки. Како традиционално добри домаќини, келнерите ни помогнаа. C’est bon monsieur. Tout est parfait.

Неверојатно добра сахер торта се јаде на Сен Жермен во Caffe de Flore. Жими се, боља него ли у
Виена, а и боља од онаа што ја правеше тетка ми Наталија, бог да ја прости.

Седнете и испијте кафе по бистроата покрај Сена гледајќи ја Нотр Дам, карши City de Ill и сликајте
се каде што двата ракава од Сена се спајаат повторно баш, под Нотр Дам. И не го заборавајте Квазимодо. Од Fort de Nord гледа се уште.

Во Булоњ да го видите оноа легендарно дрво кај се има сјебано Порфирио Рубироза ѓон пијан со
своето порше едно сабајле и местото каде е сниман „The day of the Chakal“.
Абе, ај, заебете ги туристичките атракции на Париз. Не ви нудат ништо осим заледени слики и
провинциски менталитет. Париз е академски, шарен, порочен, вовлечен во ролеркостерот на
времето кое неповратно си оди. Живејте го Париз.

Париз треба да се конзумира на голтки. Да се ужива во него. Како во добар Армањак. Прво да го
осетите дали е топол или млак. Да го омирисаш, дали мириса на бадем или суво грозје. Да земеш
голтка и да ја држиш во уста пет, шест секунди, да ги осетиш сите вкусови. Е, тогаш да го голтнеш.
Помеѓу три дима на добар Боливар Беликосо повторно да земеш голтка. Иииии -parfait.
Art de la vie.

(Авторот го сакал Буковски и Капор, Питер Сејвил и Жорж Брак, али они не го сакале него. Осим архитектура не завршил ништо озбилно али сјебал пет години од животот во Легијата на странци. Перспективен, онака симпатичен по малце… Како не бе?! Навива за Црвена Ѕвезда и воли све што воле млади.)

*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *