Во неделата во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите „Critics Choice“, а на црвениот тепих една од најзабележаните беше легендарната актерка Рита Морено која се појави со голи раменици на 90 години!
„Не можам е*ено да се поместам во овој фустан. Не можам да ги подигнам рацете. Знам дека не можам да го користам тој збор, цензурирајте ме“, им кажала таа низ смеа на новинарите бидејќи тоалетата не ѝ била удобна.
Рита Морено (Роса Долорес Алверио Маркано, 1931-ва) е порториканско-американска актерка која успеа во својата кариера, долга повеќе од 70 години, да ги освои 4-те најпрестижни награди во светот на филмот: Оскар, Еми, Тони и Греми. Таа е и првата актерка со латинско потекло која освоила Оскар.