Сутерен.мк

Врачена наградата „Роман на годината“

Наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, синоќа, во кафе-барот „Филхармонија ѝ беше доделена на Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ .

Романот „Денот на црвот“ е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои, меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *