Сутерен.мк

Враќањето на ДеЛореан

Автомобилот ДеЛореан, кој со своите крилести врати и улогата што ја имаше во серијалот „Враќање во иднината“ стана култна автомобилска и филмска икона. Приказната на Џон ДеЛореан и неговата фирма DMC  заврши лошо, но сега компанијата што го носи истото име иако нема никаква врска со оригиналниот производител, го најави неговото враќање!

Во веста придружена со кратко видео насловено како „Иднината никогаш не била ветена“ се гледа силуета од автомобил за кој не се објавени никакви детали, освен дека ќе биде електричен.

Но истото видео го објави и Italdesign, што значи дека познатото италијанско студио ќе биде вклучено и во новиот проект, исто како што беше и во развојот на оригиналот од 1981-вата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *