Сутерен.мк

Географија

Мојата ќерка е убава, млада, има 23 години, образована и вработена. До скоро, ние и овозможувавме се во животот., сите нејзини потреби ги подмирувавме. Нјезината плата не е голема и секогаш имавме разбирања за бонусот што и требаше од нас.

Во меѓувреме, се случија некои економски непријатности и повеќе не можевме да одговараме на нејзините барања.

Не се лутеше, дури мислев дека тоа и достоинствено го прими, но по извесно време се случија чудни работи: почна да купува скапа гардероба и накит, да носи дома ексклузивни парфеми и ситници што сигурна сум, таа не може да си ги обезбеди со своите приходи.

Мајка

Мајка дарлинг, вие сте ја испуштиле работата од контола уште кога сте му овозможиле „га – на“ на своето дете. Кој нормален родител не сака на своето чедо да му даде се што ќе посака!? Меѓутоа, во тоа е и замката.

Вистинска мудрост од буквално, животно значење е да сфатите дека еден ден може (не мора, но може, нели!?) да се случи да нема кој да ви ги плаќа сметките, да ви купува шминки и парфеми, дека ќе немате храна, покрив над главата.

Уште поважно, во такви околности, да умеете да се исправите и продолжите понатаму без драматично понижување на себеси. Вие, младата дама за жал, не сте ја научиле на ништо што е од витално значење.

Извинете, но што друго очекувате од некој кој се добивал на тацна и без малку труд? Уплашен човек од иднината. Од тоа да остане сам. Од животот. Ништо друго. Штета, жива штета, зашто очигледно станува збор за млада и очигледно, сакана личност. (Да не ја сакавте, немаше ни да се јавите.)

Не знам дали е се загубено. Не се откажувајте од обидот да и објасните дека вие и сте најсигурната станица, а највносната инвестиција – отворениот разговор меѓу вас. Не и се лутете. Живееме во време на глорифицирање на успехот и игнорирање на надолните скалила, што де факто постојат и трпеливо чекаат на својот следен патник.

Ова е доба на многу суетни луѓе, кои не знаат да се опуштат. Ќерка ви е фатена во тие вегетативни, нереални слики. Сите ние понекогаш се губиме. Доколку имаме среќа обично, се наоѓа некој, кој нема да се штеди себе си за да не врати назад. Не само да ни го покаже патот, туку да не фати за раката и да не ја испушти се додека не не донесе дома.

Ваш е првиот чекор…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *