Сутерен.мк

Гејтс VS. Џобс

„Никој веќе не може да направи тоа што тој го направи! Не можам ни јас и не познавам никој, кој го може тоа!“, ќе рече Бил Гејтс за улогата на Стив Џобс во Епл иако, во реаслиниот живот не можеле да се поднесат меѓусебно…

Гејтс и Џобс се познавале три децении, а познанството започнало кога Стив дошол во Мајкрософт за да побара да му направат софтвер за Епл…

„Многу чудно настапи: рече дека не му сме потребни, но дека може да ни ’учини’ и да не вклучи во нивниот бизнис?!“ – раскажа во една прилика Гејтс.

Во 1985 година Мајкрософт го издава првиот Виндоус. Стив го обвинува Бил дека му го украл производот. На крајот, излегува дека и двајцата всушност, го опљачкале Ксерокс.

„Стив е во суштина чуден и необично оштетен како човечко суштество. Никогаш не знаел многу за технологијата, ама имаше чувство за она што функционира. Тој е само супер – продавач. Не знае ништо за програмирањето и 99 отсто од она што го зборува и размислува е погрешно“ – ќе рече тогаш Гејтс.

„Би ја имал неопходната ширина понекогаш да земал ЛСД или во помладите денови да престојувал во ашрам. Бил во својата суштина е без фантазија и никогаш ништо не измислил. Токму затоа и подобро се чувствува во филантропијата отколку во технологијата“ – возвраќа Џобс. „Проблемот со Мајкрософт е што воошто немаат вкус! И, опасно им недостасува стил. Немаат оригинални идеи и воопшто не внесуваат култура во своите производи.“

„Бев како помал волшебник„ – ќе рече Гејтс. – Тој ќе ги изговореше ’магичните зборови’ и јас гледав како ги хипнотизира луѓето, ама бидејќи сум помал волшебник, магиите не делуваа на мене!“

Сепак, Бил Гејтс признава дека бил љубоморен како Џобс ги „магепсувал“ луѓето: „Беше гениј!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *