Сутерен.мк

Гладот и агресивноста

Научниците тврдат дека луѓето стануваат агресивни кога се гладни. Имено, нивото на глукозата тогаш е низок, па мозокот почнува да го лачи хормонот на стресот. Во случај да помине повеќе време помеѓу два оброка, мозокот го фаќа паника дека нема да добие повеќе храна.

Глукозата е „гориво“ на мозокот, па кога тој гладува, малите задачи, а особено интеракцијата со другите луѓе е многу потешка, зашто концентрацијата станува многу ниска. Всушност, кога не јадеме, психолошкиот одговор на празниот стомак е фрустрација односно, тешко ни е да ја контролираме лутината.

Што ќе рече, не се расправајте со луѓе на диета!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *