Сутерен.мк

Годините да ви ги имам, фаците да ви ги немам

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Понекогаш имам чувство дека статусите треба да ви ги прочитам на глас. На многу силен глас.

****
Јас всушност и немам некоја друга обврска, освен да седам и чекам некој, кој не ме познава приватно, да ми објасни што со своите постови сум сакала да кажам и кому (!?), бидејќи тоа е од пресудно значење за опстанокот на луѓето на планетава.
За решавањето на сексуалните фрустрации на делфините и генетската несигурност на глуварчињата, да не праиме ни муабет.

****

Мене само едно не ми е јасно:
Овие, што се бунат дека не можеле ваму – таму да влезат без маски, зошто на пример, не се побунат што не можат да влезат по купачи во некоја грчка црква кога се на одмор?
Или по апостолки во некој фенси Лофт?
Или, голи во Водоча?
Или со танга во Шарена џамија?

****

Случувањава кои го извадија народот од влечки верувам дека не се (и не треба ни да бидат) против Некои, туку за конечно да заврши речиси тридецениската ера на пред се, беспомошноста на мнозинството.
За следните што ќе дојдат, ултиматум да им биде дека се што ќе прават, треба да е заради импресионирање на наредните поколенија.
На иднината и, ништо помалку од тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *