Сутерен.мк

Грчките студенти против воведувањето на приватни универзитети

Најмалку девет лица се повредени, меѓу кои и новинар, во сериозните инциденти што денеска се случија пред грчкиот Парламентот во Атина за време на протестот на студентите против планот на владата да дозволи работа на приватните универзитети. Се очекува законот да биде одобрен од грчкиот парламент доцна попладнево.
Во говорот пред пратениците, премиерот Кирјакос Мицотакис го бранеше законот, велејќи дека е „гаранција за поголема слобода и поголем пристап до знаењето“.

Опозициските партии се противат на носењето на законот, тврдејќи дека со него се крши уставот.

Образовните реформи во Грција честопати се политички обоени, а универзитетскиот активизам е историски поврзан со продемократски движења, но е користен и како засолниште за насилни протестни групи.

Иако приватно високо образование е легално во Грција, според новиот закон, дипломите на приватните институции да бидат еднакви со јавните универзитети. На странските универзитети би им било дозволено да отвораат филијали во Грција со непрофитен статус, и покрај наплаќањето за школување.

Според податоци на министерството за образование, повеќе од 650.000 студенти посетуваат настава на државните универзитети во Грција, а 40.000 студираат во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *