Сутерен.мк

Слушнавте ли за Noadsbook.com?

Се појави нова социјална мрежа во која нема, а нема ни да има (како што и самото име кажува), никаков вид на платена реклама. Тоа е главниот концепт на оваа социјална мрежа: No-ads-book!

Noadsbook.com е  проект на три 19 – годишни девојки од Свети Николе: Надица (@danilovska_57), Јована (@zlatevajovana) и Бојана (@janeva11) (добро читате, не е Сент Луис, Свети Николе е), во соработка со Електронски Зелен Пазар ДООЕЛ Ресен. Нискобуџетна е и засега многу едноставна:  профил со ѕид, Influencer- дел за подолги постови, Insider- дел за објавување слики и видеа, Square- дел за дискусии, Groups- дел за креирање на групи, и месинџер. Се што е досега сработено, сработено е со вредна работа и самофинансирање.

Мобилната апликација за Play Store е во најава, а за Apple Store ќе зависи од тоа колку мрежата ќе биде прифатена. Сто проценти македонско што би рекле, иако за сега има само англиска верзија (во најава се верзии и на балканските јазици).

Во делот About us (кој можете да го видите, откако ќе направите Sign Up, долу во футерот) има копче за донација. Доколку сакате Noadsbook.com да биде побогата со услуги и не толку едноставна; и доколку сакате да има мобилна апликација и сите други скапи салтанати на една современа социјална мрежа- тимот на мрежата предлагаат да им донирате, кој колку сака и може. Се работи за Стартап идеја и потребни се инвестиции.

Првото правило за да направите Sign Up на оваа мрежа е дека можете тоа да го сторите исклучиво само, ако бидете поканети со посебен референцијален линк од страна на веќе верифициран член, а верифициран член станувате, ако барем еднаш, оној што ве поканил го почестите со кафе.

Доколку одите на почетната страна, ќе видите две копчиња: Log In (каде што влегувате доколку претходно веќе сте станале верифициран член) и Sign Up (каде што ви се објаснува првото правило, дека мора да имате покана во облик на референцијален линк).

Доколку никој до сега не ве поканил, а сепак сакате да го пробате искуството да сте дел од ваква социјална мрежа, можете да изберете референцијална покана од последните тројца верифицирани членови (кои се прикажани на почетната страница) или пак да изберете QR код на некој претходно верифициран член (кодовите се во лизгач над футерот на почетната страница, под сликите на тројцата последно верифицирани членови), да го скенирате со мобилна апликација за скенирање на QR кодови (можете да си изберете некоја од многуте на Play Store или Apple Store) и ќе добиете референцијален линк преку којшто стигнувате на место каде што можете да направите Sign Up (на тоа место, десно долу во аголот се појавува кружна сликичка на оној што ве поканил, ви посакува добредојде, и ве потсетува да го почестите вашиот референцијал со кафе).

Доаѓате значи на www.noadsbook.com, избирате референцијален линк како што објаснивме, правите Sign Up, и добивате профил. Прво нешто што правите е профилот да ви биде Public, ставате профилна слика и слика на позадина и, како услов за да можете да имате пристап до останатите делови: да пишувате постови, да ставате сториња, да дискутирате на различни теми, да правите отворени или затворени групи, да следите, да бидете следени, да споделувате, да ве споделуваат, да лајкувате и коментирате… Бидејќи се работи за веб страница каде што нема реклами, т.е. страницата нема извори на спонзорирано финансирање, во знак на добра волја, убаво е да му платите кафе на пријателот што ве поканил да се придружите, чијашто слика ја гледате на вашиот екран додека се шетате низ вашиот нов профил и размислувате дали да му платите кафе или не (Noadsbook.com од кафето за себе задржува само десет центи од долар).

Платете му. Би му платиле и во град да го сретнете нели? Му плаќате $5 кафе на пријателот што ви пратил линк за зачленување и потоа сте потполно слободни во наредните 101 година да живеете виртуелен социјален живот без никакви реклами околу вас. Се дружите со своите пријатели, непријатели, истомисленици и неистомисленици, си лајкнувате, или се карате, коментирате и што ли уште не, но не сте на ѕидот на маркетинг компаниите и вашиот социјален живот не е нивна храна.

Да, да, никогаш повеќе оваа социјална мрежа нема да побара од вас ништо, нема да ве има како број во сообраќајот кој за другите мрежи е пари. Слободни сте засекогаш. Згора на тоа, откако ќе му платите кафе на пријателот што ве поканил, страницата ви дава можност и вие сега да поканите ваши пријатели и тие вас да ве честат кафе.

Плаќате кафе на еден пријател, поканувате 3 ваши пријатели, и од нив добивате 3 кафиња. Генијално нели!? Точно по теркот на нашиот балкански менталитет. Плати едно, земи три. Не, не, не ве ограничуваат, ако сакате и имате толку пријатели, поканете сто, илјада, десет илјади и сите тие, ако ви ја прифатат идејата да се дружите на простор чист од реклами, сите ќе ви платат кафе, коешто на вашата сметка ќе можете да си го подигате секој први во месецот.

Доколку сте инфлуенсер ова е одлична можност за вас!

Дополнително, социјалната мрежа така го реди системот на поканувач-поканет-поканет од поканетиот- поканет од поканетиот на поканетиот… така до десетто колено, што секој добива по десет центи од кафето на новите членови во редицата до 10-тото колено.

Сте платиле кафе, поминувате време на оваа социјална мрежа како на сите други, сте поканиле пет луѓе, тие поканиле уште по пет, овие 25 уште по пет, па овие уште по некој, не е никакво чудо (ами проста математика) до 10-то колено да имате 20 000 корисници и од сите да имате по 10 центи (да не споменуваме дека до 10-то колено можат да бидат и милион или два – кој колку поканил). Ваше е да ги поканите вашите блиски, да им објасните дека можат да покануваат и тие, и одвреме навреме да си ја проверувате состојбата на вашата сметка на поканувач.

Додека на другите мрежи им правите содржина која тие дебело ја наплаќаат со рекламите, а вие сте бројка во извештаите на нивните реклами и артикал во нивните фактури за наплата, овдека не сте облетувани со никакви реклами, а за вашата содржина ве плаќаат. Па добро бе мајку му стара, зарем постовите што ги пишувате не вредат минимум едно кафе од пријателот што сака да ве следи и да ви ги чита, нели!?

Да, ако ви се чини интересно можете да ја посетите оваа социјална мрежа и да се регистрирате, откако сами ќе си изберете кому ќе му платите кафе. Платете им кафе на девојките и почнете да поканувате ваши пријатели и од нив да добивате кафе. Добро сега, да не се заборавите во кафињата, бидете активни и на мрежата: пишувајте по некој убав пост на ѕидот, ставајте по некое фото или видео, а лајкови и коментари ќе пишувате откако вашата покана ќе ја прифатат вашите пријатели и ќе ви платат кафе, бидејќи дотогаш ќе бидете сами (доколку вие сте првите од вашето друштво).

Со 1/10 дел од вашето поминато време на другите комерцијални социјални мрежи, на Noadsbook.com ќе бидете барем за малку побогати (и искуствено, а и парично).

Ако пак сакате да пристапите до оваа социјална мрежа на покана на suteren.mk, и кафе да му платите на suteren.mk, тогаш на мрежата можете да одите и на негова покана, со кликнување овде…

p.s. доколку не ви се трошат нитu тие $5, кога ќе го плаќате кафето, во делот за купон напишете SUTEREN100 и од suteren.mk ќе добиете целосен попуст и  ќе станете верифициран член со кафе кое сте го платиле нула долари!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *