Сутерен.мк

Двајца добија бубрези од починат донор

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите, објави Министерство за здравство.

„Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија“, дополнуваат од Министерството.

Оттаму се заблагодарност до семејството на пациентката, особено до нивната млада храбра ќерка чија храброст донесе живот за најмалку двајца пациенти и пренесуваат сочуство за нивната загуба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *