Сутерен.мк

Двојници и оригинали

Професионалната двојничка на кралицата Елизабета Втора соопшти дека од почит кон покојната британска кралица, одлучила да ја напушти работата по 34 години, но сепак ќе ја чува својата „кралска“ облека во спомен на жената која и помогнала „да се чувствува како член на семејството“.

Двојниците на дел од британското кралско семејство

Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, за прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година, а првпат и било кажано дека личи на Елизабета кога имала 17 години.
аа неколку пати ја глумела кралицата во различни филмови, а најпознатите улоги ги имала во комедијата Булси од 1990 година заедно со починатиот Роџер Мур, како и во познатата серија Доктор Ху во 1988 година.

Рејнолдс им рече на новинарите дека одлуката да се пензионира ја прави „многу тажна“.
– Само што се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со капи и само што најдов каде да ги ставам, но потоа сфатив дека повеќе нема да ми требаат“ – рекла таа.
Таа рече дека веројатно ќе ги задржи цела облека на „Кралицата“, бидејќи таа била „дел од нејзиниот живот“.

Потсетувајќи се на моменти од нејзината кариера, Мери Рејнолдс изјави дека луѓето различно реагирале кога ќе ја видат, мислејќи дека таа навистина е англиската кралица.

Најчесто од неа барале заедничка фотографија.

Иако никогаш не ја запознала Елизабета Втора, Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите главни настани во животот на кралицата.
Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.

Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит. Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *