Сутерен.мк

Девојче групно силувано, па живо запалено

Индија е потресена од случајот со групното силување на четиринаесетгодишно девојче. Имено, во Раџастан неколку мажи го силувале девојчето, а по страшното злосторство ја запалиле.
Девојчето исчезнало откако излегло од дома за да ги чува козите, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот брат кој и го открил накитот во рерна.

Индиската полиција обвини 11 мажи за нападот во Раџастан.

Полицајците за „Тајмс оф Индија“ изјавија дека братот на девојчето видел неколку шпорети со јаглен поставени од луѓе од номадската заедница. Вниманието му го привлекло чадот од еден од шпоретите бидејќи тие не биле активни навечер.

Со стап ја претурал печката и ги прегледал јагленисаните предмети, а потоа ја видел нараквицата што ја нашол неколку дена претходно и ѝ ја дал на својата сестра.

Полицијата подоцна ги идентификувала деловите од телото и облеката и обувките на жртвата. Било потврдено дека жртвата била сè уште жива кога била запалена.

Над 400 жени се жртви на семејно насилство заклучно јуни оваа година. Статистиката која ја води Министерството за внатрешни работи покажува дрка оваа година се евидентирани 517 случаи на семејно насилство за кои се пријавени 526 сторители од кои 476 мажи и 50 жени. За силување пријавени се 15 сторители додека пак 19 педофили се обиделе да обљубат деца помлади од 15 години.

Во изминатите пет години Министерството за внатрешни работи на Македонија евидентирале над 1.000 случаи на годишно ниво. Во најголем број од случаите сторители биле мажите а жртви жените. Во 2017 бројката на мажи сторители на семејно насилство бил 850, 2018 година 953, 2019-931, 2020-930, 2021-988 и 2022 година 1061 маж сторител.

Полицијата е должна да постапи по секоја пријава за родово базирано насилство врз жена и семејно насилство без оглед дали е: добиена по телефон, примена на записник за примање пријава во службени простории на полиција, пријава од трето лице (роднини, пријатели, соседи …), преку известување од друга институција (центар за социјални работи, воспитно образовни институции …).

Секогаш кога се пријавува по телефон постапката се состои во задолжително излегување на местото на несреќата од страна на полицијата со цел да се спречи насилникот да продолжи со вршење на насилството и да се обезбеди помош на жртвата и членови на семејството.

Секогаш кога се пријавува по телефон постапката се состои во задолжително излегување на местото на … од страна на полицијата со цел да се спречи насилникот да продолжи со вршење на насилството и да се обезбеди помош на жртвата и членови на семејството.

Во случаи кога пријавата е дадена во полициска станица или е примена од друга установа се преземаат истите мерки како и кога станува збор за акутно насилство, односно полицијата е должна да направи соодветна процена на ризик во која се утврдува состојбата и околностите во врска со моменталното пријавеното насилство, историјата на насилството (дали претходно се случувало насилство, дали има претходно изречени заштитни мерки за сторителот и сл). Исто така битна е зачестеноста на насилството, заканите кон жртвата или членовите на семејството со насилство и/или со оружје или орудија погодни за напад, пристап на сторителот до оружје, особено огнено оружје.

За полицијата е битно дали жртвата била заклучена имала забрана да излегува, забрана да контактира со пријатели и роднини. Треба да се знае дали напаѓачот ја контролирал жртвата, ја прогонувал, следел, демнел, дали демнењето е проследено со закани или со активно физичко насилство или и се заканувал со убиство. Потоа следи проверки во евиденциите на полицијата (дали лицето поседува огнено оружје, дали е пријавуван за други кривични дела и сл.) По извршената процена на ризик, а најдоцна до 12 часа од интервенцијата на настанот, од страна на полициските службеници се изготвува полициски извештај за извршена интервенција по пријава за родово базирано насилство врз жените и семејно насилство.

Во случај кога е проценето дека постои ризик за сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство или ризик од повторување на насилството, полицискиот службеник од надлежната организациска единица за криминалистички работи веднаш, а најдоцна 12 часа, по изготвување на процената на ризик и полицискиот извештај до надлежниот суд доставува предлог за изрекување итна мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот, без согласност на жртвата.

Доколку жртвата го напуштила домот (да пријави во полициска станица, упатена за укажување медицинска помош или други причини), а има потреба да се врати во домот за да си земе лични работи, полициските службеници се должни да и обезбедат придружба до нејзиниот дом, со цел да и ја гарантираат безбедноста.
Фемицидот е најекстремна форма на родово базирано насилство и се дефинира како „убивање жени затоа што се жени“. Односно, би можеле да кажеме дека станува збор за злосторство од омраза на жените, кое е мотивирано од полот на жртвата.

Според Светската здравствена организација (СЗО), „повеќето случаи на фемицид се извршени од партнери или поранешни партнери, на кои често им претходи злоупотреба, закани или заплашување, сексуално насилство или ситуации во кои жените имаат помала моќ или помалку ресурси од нивните партнери“.

Македонското законодавство не го препознаваше терминот фемицид, па оттаму и не го регулираше како посебно кривично дело. Но со измените на кривичниот законик во 2022 фемицидот стана дел од кривничниот закони, кои во Комисијата за европски прашања добија 8 амандмани – усогласени и изгласани од сите пратеници и прифатени од Министерството за правда.

Со измените на кривичниот законик во декември минатата година се воведоа нови кривични дела: родово базирано насилство, полово вознемирување, а нападот на новинар или друг медиумски работник се смета за напад на службено лице, за што е предвиден затвор до 10 години. Последен пример за тоа е од пред две недели, во Куманово кога четириесет и шестгодишен маж со нож ги убил својата сопруга и нејзината мајка, а потоа скокнал од прозорец. Тој бил пренесен во кумановската болница, каде што починал. За време на грозоморниот чин во станот во која се случила несреќата, во друга соба, било осум-годишно дете кое молело за помош.

Во случај на фемицид полицијата е должна да ги преземе сите мерки од овластувањата со цел да се обезбеди лице место, да го извести јавниот обвинител, да се лиши од слобода сторителот и да се поднесе соодветна пријава. Во случај кога на местото на несреќата има и други членови на семејството (деца, стари и изнемоштени лица, лица кои не можат да се грижат за себе веднаш се известува Центарот за социјални работи со цел соодветно да се укаже помош на истите.

Превенцијата е едно од клучните надлежности на институциите кога станува збор за овој вид насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *