Сутерен.мк

Демодирани хипстери

Моето друштво е хипстерско. Само јас не сум. Не ми се допаѓа како се облекуваат и однесуваат, но веќе штрчам и мислам дека ќе ме откачат каде и да е. Плус многу се занесуваат со тој фазон. Демек тие биле авангардни, а јас не сум умеела да ги следам. Ми велат дека сум буржујка која им робува на скапи алишта, а нема врска тоа со вистината. Обична средношколка сум која сака убаво да се облече, а не во крпи од секн хенд продавници! Си ги сакам пријателите, но се сменија, а други немам?

Изолирана

Изолирана дарлинг, уште пред години неделниот американски магазин “Тајм”, ја дефинираше површноста на овој тренд: „Земете стар џемпер од вашата баба, очила во стилот на Боб Дилан и фармерки до колена. На нозете облечете старки, а во рацете држете лименка пиво и бум – ете си хипстер.
На планетава се појавија и сајтови пропагирајќи нивен бојкот и нарекувајќи ги „очајно желни за внимание, бескорисни возрасни луѓе“.
Што значи драга моја освен, ако не станува збор за Џони Деп, ама ич не вреди да се живцирате за ваквите особено, овдешни следбеници.
На хипстерите многу лесно е да им се дефинираат симптомите, но изгледа невозможно да се објасни нивната важност. Бидејќи, не постои.
Во секој случај, таа сорта на урбана, егоцентрична, нарцисоидна, модна, интелектуална и квази офф младина, кај нас не вирее. Како што ниту во Афганистан има панкери…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *