Сутерен.мк

Деца од петто одделение учат за ДУИ

Учениците од петто одделение нема да можат да ја поминат годината без да ја научат кратенката на Демократска унија за интеграција (ДУИ). Покрај меѓународните институции, еден од примерите за настава за кратенки е и оваа политичка партија, со што им наметнува на учениците кои сè уште не знаат што е политика, да учат за постоењето на оваа политичка партија.

Поточно, на страна 64 по албански јазик за петто одделение се учи за кратенката Соединети Американски Држави, Организација на Обединетите Нации и на крајот, за кратенката Демократска унија за интеграција.

 

Вехби Кадриу

Примерите дадени во оваа книга не се случајни. Автор на книгата е Вехби Кадриу, кој како што дознава Алсат, има блиски врски со ДУИ. Имено, неговиот син Ендрин е директор на Јавното радиодифузно претпријатие како и поранешен кандидат на ДУИ на последните избори за Советот на општина Тетово.

Авторот бил ангажиран од Министерството за образование и наука да ја напише оваа книга за време на мандатот на Јетон Шаќири, зелено светло за објавување добил од Комисијата за образовни текстови предводена од Јованка Лазареска Станческа на 18 октомври 2022 година.

Од друга страна, Министерството за образование во обид да го одбрани авторот на учебникот направи десетици јазични грешки по албански јазик во една реченица.

„Не е разумно да се зборува во име на авторот кој професионално придонесува со години. Процесот на избор е анонимен и нема никаква врска со овие работи за кои прашувате. Уште еднаш нагласуваме дека процесот на селекција и одобрување се процеси кои се одобрени од националниот совет и ги поминуваат сите други процедури предвидени со закон“, наведуваат од Министерство за образование и наука.

Во овој случај, Министерството одлучи да го брани авторот Вехби Кадриу, додека за последните грешки во книгата по Историја и општество за петто одделение и Географија за осмо одделение, каде што беа искривени многу факти, ресорот на Јетон Шаќири ги сметаше за одговорни токму авторите и рецензентите на текстот, па дури и бараше одговорност од нив.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *