Сутерен.мк

Директорот на Битолската болница си поднесе оставка

По двата случаи во кои починаа шестгодишно девојче и новороденче, директорот на Клиничката болница во Битола, д-р Александар Обедниковски најави дека утре ќе поднесе оставка на позицијата.

Тој вели дека тоа го прави од морални причини, по смртта на шестгодишното девојче Јана Христовска од селото Кравари и новородененчето кое почина синоќа веднаш по породувањето.

Директорот Обедниковски бил „охрабрен“ да се повлече и од министерот за здравство Меџити по денешната посета на Клиничката болница и по средбата со менаџментот.

Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022 година, а како специјалист-ортопед работи таму од 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *