Сутерен.мк

Додека чистела, открила стар лоз со стотина илјади евра

Жителка на Германија која неодамна налетала на лоз стар две години, додека чистела низ дома за Божиќ, била шокирана кога открила дека освоила околу 99.530 евра, известуваат локалните медиуми.

Анонимната жена од Магдебург играла лото уште во февруари 2021-ва година и наводно го ставила ливчето во фиоката од масата и сосема го заборавила. Вложила околу 40 евра играјќи ги истите бројки, уплаќајќи претплата на извлекување во текот на четири недели.

„Не можам да верувам! Чувството е како повторно откривање на закопано богатство“, рекла среќничката за медиумите, откривајќи дека одмор и е високо на листата идеи како да потроши дел од парите.

Службениците од лотаријата известуваат дека ливчето било во беспрекорна состојба кога го примиле. Инаку, во Саксонија сè уште се бараат добитниците кои во 2021-ва година освоиле вкупно 597.200 евра, а досега не се јавиле. Добитниците од 2021-ва година можат да ги подигнат парите најдоцна до 31-ви декември 2024-та година.

„Ова е единствениот шестцифрен“ износ на добивка кој е отворен толку долго, рекол Штефан Еберт, директор на лотаријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *