Сутерен.мк

Документарец за „Бела чао“

За познатата италијанска песна „Бела чао“ се снима документарен филм со наслов „Бела чао – приказната знадвор од митот“ што го режира Џулија Џапонези.

Со преку милијарда прегледи на социјалните мрежи оваа песна во последните години е најслушана италијанска композиција во светот.

Таа стана симбол на борбата и отпорот ширум планетава, а ја пееја на бројни протести, штрајкови, побуни, демонстрации…

„Уверени сме дека оваа песна е наследство за сите нас и дека низ овој документарец ќе ја откриеме нејзината глобална важност“, рече креатицниот продуцент на Паломар ДОК, Андреа Ромео.

Режисерката Џапонези пак, најавува нови и некои помалку познати детали поврзани со песната, кои ги открила во текот на повеќегодишното истражување и подготовките за снимањето на филмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *