Сутерен.мк

Доследни и несопирливи!

Секогаш кон крајот на годината, резимираме што и колку сме направиле во минатата и си ветуваме што и колку ќе направиме во следната…

Ова сценарио се повторува одново и одново, но има некои, кои и успеваат во намерите, а тие се овие два знака од хороскопот…

Јарец

Личностите родени во овој знак, се препознаваат по тоа што се фокусирани на своите цели, што си ги зацртуваат и по пет години нанапред. Ним Нова година не им е само продолжение на зацртаната патека. Секако, не постои загарантиран рецепт за успех, но Јарците се потпираат на својот континуиран и вреден труд и не се откажуваат на првата препрека! Нештата ги гледаат преку пошироката слика и знаат што и зошто нештото го прават. Кога имаат проблеми, умеат да застанат толку, колку да ги разгледаат поинаквите патеки до својот успех!

 

Девица

Слично како и Јарците, ниту Девиците се впуштаат во предизвици од кои што ќе се откажат. Иако, многумина им забележуваат на неоправданата амбиција и замлатувањето дека се нешто специјално, за разлика од другите, тие сепак, прават мудри одлуки. (Особено, кога истите се материјално исплатливи или за нивна општествена популарност!) Девиците, за разлика од Јарците, попрво ќе се откажат од луксузот, отколку за истиот претерано да работат. Накусо, тие се пред се, практични и јасно ги гледаат мааните и предностите на она што го наумиле, како и потенцијалните ризици, притоа. И да, што и да решиле, ќе го истераат до крај…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *