Драга Дарлинг, со задоволство ве читам и не ми е срам тоа да го кажам. Меѓутоа не можам да се изначудам дека толку многу очајни жени имало во државава!
Поздрав, Игор
Игор дарлинг, поштедете ме од комплименти и свртете се околу вас. Тие, очајничките, се вашата мајка, сестра, сопруга, девојка, братучетка, другарка…
Да не беа толку бедни мажите, немаше ниту жените да станат така патетични. Што се однесува до она ваше „не ми е срам…“ Тоа многу повеќе зборува за домицилниот ни посилен пол отколку се заедно што досега сум напишала за вас.
Срам да ви е! А нам, лекција…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)