Сутерен.мк

Експертите одлучуваат кој ќе го добие „Трикафта“?

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити вели дека од неговиот прв ден од мандатот се зафатил да го реши долгорочно и квалитетно проблемот околу лекот „Трикафта“ наменет за пациентите болни од цистична фиброза.

-Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.

Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме.

-Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити.

Новинарката на „Слободен печат“ попладнево разговараше со младиот Игор Пехчевски кој уште денеска ќе остане на терапија во Универзитетската клиника за детски болести, но не со „трикафта“ како што е редот за болните од цистична фиброза, туку според неговите наоди и сведочењето, прима инфузии и некои други лекови.

Асоцијацијата за цистична фиброза пак, се оградува од пациентот Пехчевски, кој упати низа критики за здравствениот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *