Сутерен.мк

Елка стара еден век продадена за 2 600 фунти

Една од првите масовно произведени новогодишни елки, наречена „најскромната елка на светот“, беше продадена на аукција во Велика Британија за 2 600 фунти, иако чинеше шест пени при купувањето во 1920 година.

Дрвото го украсуваше домот на Дороти Грант цели 94 години од нејзината осумгодишна возраст до нејзината смрт на 102-годишна возраст, по што стана сопственост на нејзината ќерка Ширли Хол во 2014 година.

Новогодишната елка, висока 79 сантиметри се очекуваше да се продаде за 60 до 80 фунти, но на аукцијата на куќата Хансон достигна цена од 2 600 фунти.

Елката е прогласена за најскромна, има 25 гранчиња, 12 црвени вештачки бобинки на секое второ гранче и има 6 мали држачи за божикни свеќички. Со елката оди и вградената подлога, дрвена кутија нацртана со божикен орнамент.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *