Иако издржува 7-годишна затворска казна во затворот во Струга, 30-годишен стружанец успеал да измами жител на кочанско село и со негови податоци да добие брзи кредити!
Затвореникот на апликацијата месинџер, глумел дека е женско и од жртвата успеал да ги добие неговите лични податоци и трансакциската сметка, наводно за трансфер на пари од странство.
Со податоците, затвореникот и негов штипски познаник успеале да аплицираат и извадат брзи кредити од две различни финансиски друштва, во вкупна вредност од 76.500 денари.
Затвореникот продолжил со својата женска улога и ја убедил жртвата да ги извади парите, наводно пратени од странство и да ги предаде на второосомничениот 28-годишен штипјанец.
МВР и на двајцата им поднела кривична пријава за измама.
Слични измами се забележани и порано кога со украдени лични податоци се подигаат брзи кредити, а полицијата истражуваше десетина такви случаи.
Извор: Телма…