Сутерен.мк

Жените бараат повеќе сопрузи!

Владата на Јужна Африка неодамна предложи да се озакони полиандријата т.е. да се легализираат браковите на една жена со повеќе мажи!

Предлогот наиде на жестоки протести од страна на конзервативните кругови и го покажа нивното лицемерие, бидејќи повеќеженството во оваа земја е законски дозволено!

Угледниот професор Колис Мачоко за Би – Би – Си вели дека суштината на протестот е во контролата: „Ние не знаеме што да правиме со жените кои не можеме да ги контролираме!“

Јужна Африка има еден од најлибералните устави, кој дозволува истополн бракови за сите и полигамија за мажите. Новиот предлог на тамошната влада е последица на фактичката состоба на теренот: имено, полиандријата во оваа земја се практикува, но таа е се уште табу.

Во ваквите заедници жената е обично таа која е иницијатор и која повикува мажи да и се придружат на нејзината заедница. Некои плаќаат „невестнина“, други придонесуваат за нејзино издржување. Жената има моќ да го отстрани ко – сопругот, ако мисли дека тој ги дестабилизира другите нејзини врски.

Причините поради кои мажите се согласуваат на ваква „улога“ најчесто се:

  • не сакаат да ја изгубат саканата жена
  • сметаат дека разводот или прељубата е полошата варијанта
  • неплодност

„Со доаѓањето на христијанството и колонизацијата, улогата на жената е маргинализирана. Тие веќе не беа рамноправни. Бракот стана една од алатките за воспоставување на хиерархија“, вели професорот Мачоко.

Инаку, полиандријата има длабоки корени и во Зимбабве, Кенија, Демократската република Конго, Нигерија, а воГабон е и озаконета.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *