Сутерен.мк

Животни какви можеби не сте виделе


Венецуелски молец

Откриен е во 2009 година во Венецуела, а специфичен е по крзното на телото и крилјата.

Син змеј

Станува збор за вид на морски полжав со сина боја кој плута на површината во топлите делови на океаните.

Мадагаскарски еж

Цицач со специфичен изглед кој живее на Мадагаскар.

Стаклена жаба

Живее во Јужна Африка и има транспарентен амбдомен, па можат да и се видат внатрешните органи.

Фоса ѕвер

Ова е голема мачка со издолжено тело во кафеава боја, а живее на Мадагаскар.

Сајга антилопа

Евроазиската степа е живеалиптето на овој вид антилопа, карактеристична по флексибилната, голема и издолжена структура на носот.

Мата-мата желка

Оклопот на оваа јужноамериканска желка изгледа искршено, додека пак, главата и е со триаголнест облик и има шилест нос сличен на рог.

Гуштер лист

И ова суштество живее на Мадагаскар. Идеално се камуфлира во околината, особено опашката која убедливо глуми лист од дрво.

Розово армадило

Најмалиот вид на армадило живее во Аргентина, телото му е покриено со жолтеникави влакна, а грбот со розов, флексибилен оклоп.

Окапи цицачот

Иако по изгледот најмногу потсетува на зебра, окапи цицачот од Конго е најблизок роднина на жирафата.

Мексикански саламандер

Оригинално се вика аксолотл и се работи за деликатно суштество кое многу брзо си го регенерира телото.

Барибуса свиња

Личи на комбинација на свиња и елен поради забите кои потсетуваат на рогови – мажјакот ги има четири и можат да пораснат до честириесет сантиметри.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *