Сутерен.мк

Животните правила на Жужи

Легендарната Жужи Јелинек (која пред пет години почина во Хрватска на 96 години), колумнистка на неделникот „Глорија“, дизајнерка и стилистка, зад себе остави четири брака, деца, бројни книги, но и девет златни животни правила!

За парите

  • Кога си млад не ти пречи сиромаштијата. Кога ќе остареш, нештата се менуваат и парите стануваат многу потребни. На сопругот и мене ни е многу битно да имаме помош во домот, а за тоа треба да работиш и да се грижиш додека си се уште млад. Староста не смее никого да го затекне без имот, бидејќи тогаш е се уште потешко.

За младите

  • Нека учат јазици. Мене тоа ми помогна. Секако дека мораат да завршат факултет, ама тоа не е доволно. Треба да имаат професија со која ќе заработуваат пари. Мажите доаѓаат и си одат или ги напуштаме. Останува само она што сами сме стекнале и научиле. Имам два апарати што ми беа важни во животот: машината за шиење, која секогаш ме извлекуваше од неволји и онаа за пишување, на која ги пишувам колумните.

За богатството

  • Никогаш не би советувала богато мажење. На богатите момци парите им удираат во глава и мислат дека имаат се. Родените во сиромаштија знаат да се изборат за богатството и повеќе го ценат. Мене ми е битно, на моите деца не. Родените во богатство се неспособни за живот.

За самодовербата

  • Штом наутро ќе се разбудите, погледнете се во огледалото и кажете си на глас: „Да, убава сум, млада сум и никој ништо не ми може!“ Средете се и тргнете во нови победи.

За животот

  • Од животот треба да се бара, она што може да ни го даде и да се живее онака како што мислиме дека можеме и треба. Треба и да се фантазира секако, но барем едната нога секогаш нека биде на земјата.

 

 

За децата

  • Не постои совршен маж, ама затоа децата ќе ни го направат животот поубав. Сто пати сум им рекла на младите девојки да се омажат што порано. Еден ден и вие ќе бидете стари, а се е поинаку кога имате деца и внуци со кои се разбирате.

За жените

  • Веќе е сменето многу. Ние жените се бориме. Ние мораме да докажеме дека не сме робови и ние сме живи суштества, но мажите не секогаш ги почитуваат жените.

За чесноста

  • Во животот е многу важно да бидеш чесен бидејќи чесноста е голема човекова доблест. Чесните на крајот, секогаш успеваат. Откако ќе ја сошиев облеката, секој вишок сантиметар од ткаенината им го враќав на муштериите. Тоа очигледно многу им импонираше, па на крајот со својата чесност ги освоив.

 

За ветувањата

  • Особено се ценети луѓето кои се држат до својот збор. Пред нешто да кажете, треба добро да размислите дали тоа и можете да го исполните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *