Сутерен.мк

За кокошките

Вечно е прашањето „што е постаро – јајцето или кокошката?“ Меѓутоа, ние сега и овде нема да си ја мачиме главата со вакви невозможни дилеми, туку да презентираме некои од фактите за ова домашно животно  за кои можеби не сте чуле до сега…

Луѓето одгледуваат кокошки како домашни животни веќе 4 000 години. Кокошките потекнуваат од Индија, односно од југоисточна Азија.

Во инкубаторот од керамика (цигла), што пред четири илјади години го ѕидале старите Еѓипќани, можело да собере дури десет илјади кокошки!

Апаратот за утврдување на полот кај пилињата може да провери осумдесет илјади пилиња дневно. Машките главно, завршуваат во одгледувачниците за производство на месо, а женските во инкубаторите – да произведат уште јајца и пилиња. Тажно, ама светот треба да се нахрани, нели!?

Дури половина од вкупното светско производство на пилешко месо е за рестораните за брза храна, најголем дел во оние кои исклучиво продаваат печено пилешко месо и пилешки бургери.

За една кокошка да снесе 12 јајца, потребно е да изеде два килограма храна за живина.

Во просек, една домашна кокошка, снесува 255 јајца во текот на една година.

Во 1950 година, осумдесет проценти од кокошките се движеле слободно по дворовите и ливадите на аграрците. Денес, нешто повеќе од десет од сто живеат надвор од инкубаторите.

Во Кина живеат околу четири милијарди кокошки. Во САД пак, има 1,7 милијарди. Во Бразил има 950 милиони, а 476 милиони во Мексико.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *