Сутерен.мк

За што не се зборува на трпезата?

Пандемијата не одалечи многу во социјална смисла и не е на одмет да се спомене кои прашања во меѓувреме станаа чуствителни за време на пошироки заеднички дружења. Секако дека водењето на разговорот зависи од гостите, степенот на меѓусебната доверба, но ако сакате да бидете сигурни дека атмосферата ќе биде мирна и пријатна, избегнувајте ги следниве теми…

Здравјето е приватна работа и нема секој потреба или желба да разговара за своето, ниту пак, да слуша за туѓото. Особено е недолично да прашувате или образложувате за лузните, естетските корекции…

Политиката кога ќе се стави на маса, речиси е невозможно да се разговара за неа без кавга. Треба со многу „леснотија“ да се „изоди“ таа тема, но без површност.

Сексот, доколку немате самодоверба како ликовите од „Сексот и градот“ не треба да се споменува на ниедна трпеза.

Фудбалот е од оние теми, што бара „специјална“ структура на гости. Во спротивно, секогаш излегува од контекстот.

Религијата е деликатен избор за разговор особено, ако гостите не се познаваат доволно меѓусебно. Под религија се подразбира било кој вид на духовност. Како таква е дел од приватноста.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *