Сутерен.мк

Загриженост

Дај бе конечно, кажете ги кои се тие исклучоци со толку чест, што не заслужуваат ни име да им споменете!

****
Не ги потценувајате мувите. Имаат таков начин на исхрана, што со константно плукање можат и најмонументалниот споменик да го урнат.

****
“Нема да дозволиме една групировка на суетни, криминогени, будалести ем, некадарни и педери во душа наследници на исти такви фамилии да ги загрозат владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните.”
Да ги загрозат владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните?
После триесет години загрозување на владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните.

****

Или ќе ти се плашат или, потсмеваат. За овој народ, трето нема.

****

Сабја не и може ништо на ниту една глава наведната.
Дур чека сабјава исправена, оваа главава меѓу колена – кове и кове и кове…
Ќе искове шо и да е, г’з да спаси!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *