Сутерен.мк

Задолжителната вакцинација станува реалност!

Австриската влада го претстави нацрт-законот со кој од февруари се воведува задолжителна вакцинација во таа земја. Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави дека задолжителната вакцинација ќе стапи на сила на почетокот на февруари, а преодната фаза без казни ќе трае до средината на март!

 

Од 16 март, ќе следат казни за оние кои не се вакцинирани.

Во Австрија обврската за вакцинирање ќе важи за сите граѓани на возраст над 18 години, а од оваа мерка се изземени бремените жени и сите лица кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Предлог-законот предвидува казни од 600 до 3.600 евра.
Австрискиот парламент се очекува во четврток да го усвои законот со кој се воведува задолжителна вакцинација, со што оваа земја ќе стане првата европска со ваква обврска на граѓаните.

Предлог-законот однапред ќе помине на комисијата за здравство.

За донесување на законот е потребно просто мнозинство, со кое располага владејачката коалиција на Народната партија на Австрија (ОВП) и Зелените, а поддршка најавија и опозициската Социјалдемократска партија (СПО) и Неос.

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) целосно го отфрла овој закон, а таа партија во неколку наврати, последен пат на протестите во сабота, јасно изјави дека нема да ја почитува задолжителната вакцинација.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *